ТЕРА

REKLAMA???

“STRENGTH OF THE STALLION”-НОВА КОМПОЗИЦИЈА НА ГОРАН МИЦЕВСКИ

Битолчанецот Горан Мицевски , деновиве објави уште една композиција од личниот опус на современа музика насловена „Strength of the Stallion“. 
“Инспирацијата е насекаде околу нас, музиката е мојот личен одговор на се она што ме опкружува. Уште од раното детство, коњите и орлите ми биле омилени животни. Ги доживував и се уште ги доживувам како величествени животни. Од една страна природата на коњите ја отелотворува духовната моќ на независноста, богатството, слободата, издржливоста, довербата, триумфот, херојството и конкуренцијата. Од секогаш ми биле симбол на универзална сила, храброст и слобода. Од друга страна, орелот е најистакнат од сите крилести суштества. Тој ја пренесува силата и пораките на духот, тој е врската на човекот со божественото затоа што лета повисоко од било која друга птица. Орелот ја носи пораката за возобновен живот бидејќи е поврзан со источните ветрови – насоката на пролетта, зората и повторното раѓање. За мене лично секогаш бил симбол на универзална моќ“, вели Горан.

„Strength of the Stallion“ е дело вдахнато од симбиозата и силината на овие две навидум различни животински природи на коњот и орелот.
Во изминатата година Горан Мицевски  ја промовираше самостојната композицијата „Прошетка во вселената“ и композицијата „Немир“ која е дел од музичкиот проект „Гласот од невидливиот свет“.
И оваа композиција како и претходните, е од некомерцијален карактер, слободна за преземање и споделување, подарена на публиката со желба дека ќе побуди инспирација и зрак на надеж во овие предизвикувачки времиња.