ТЕРА

REKLAMA???

Закани меѓу ученици, нова криза во битолско основно училиште ?

Ученик од Битола од закани на социјалните мрежи кон свои соученици до закани испишани на ливчиња во училиштето,  предизвика паника во ОУ „Стив Наумов“.

За случајот, според неофицијални информации, била известена полицијата, а на родителите  им било посочено дека ученикот привремено нема да посетува настава со физичко присуство, туку ќе следи онлајн настава.

Ливчиња на  кои стои закана за сигурноста и безбедноста на учениците од 7мо-в одделение во ОУ „Стив Наумов“ предизвика вознемиреност кај учениците и нивните родители кои од училиштето веднаш побарале помош од наставниците и директорот. Ова не бил прв случај седмоодделенците од ова училиште да се предмет на закани на истиот ученик. Непристојни коментари и закани биле адресирани до нив и преку социјалните мрежи и на случајни средби надвор од училиштето. Но, вчерашната реакција била посилна затоа што заканата по сигурноста на животот на учениците имала и конкретен датум.

Според информации од родителите кои денеска се јавија во ТЕРА, ученикот бил префрлен во училиштето уште во трето одделение и до шесто одделение немало посериозни проблеми. Но, од минатата година видливо било отсуството на интегрирање на овој ученик па неговите родители побарале преместување во друга паралелка. На ова претходеле  тврдењата на другите ученици за негативното однесување и нивната вознемиреност. Од наставниците и директорот побарале одржувaње на родителски совет и заедничко адресирање на проблемот.

„Одржан е родителски состанок во училиштето по претставка на родители за случаи со наш ученик кој на социјалните мрежи упатувал закани по нивните животи на учениците и по сопствениот. На родителскиот состанок бев присутен јас, стручнаа служба и родителите од целиот клас. Ние како училиште ги презедовме апсолутно сите мерки кои ни стојат на располагање. Случајот со материјалите е пријавен до МВР и до ЦСР кадешто се однесени они материјали кои ние веќе ги имавме и, со тоа мислам дека надлежните веќе го решаваат случајот.“

Од училиштето велат дека досега неможеле да преземат никакви чекори затоа што сите негативни активности ги прави надвор од училиштето и на социјалните мрежи. Директорот Пискачев сепак уверува дека нема основа за ширење на вознемиреноста, ниту пак непотребно проширување на раскажаните приказни кои водат до зголемуавње на вознемиреноста кај учениците и родителите,, а со тоа и можните последици за сите.

„Во нашето училиште се створи една голема паника и загриженост од страна на родителите . Јас како директор ги уверувам родителите дека апсолутно нема потреба од никаква загриженост, случајот е скоро и решен детето можеби ќе ја промени средината или ќе премине, доколку има можности , на он-лајн настава. Со тоа е гарантирана безбедноста не само на учениците туку и на сите кои работат во ова училиште.“

Овој инцидент се случува во време кога секое од основните училишта и бројни организации и институции спроведуваат едукативни проекти за заштита од врсничко насилство, сајбер булинг и генерално  поголема безбедност во училишната средина. Пискачев има и апел и свое толкување.

„Упатувам апел до родителите да не шпекулираат со целосниот случај кој е. Има голем број на шпекулации кои придонесоа до немир на самите ученици. Упатувам и на една голема смиреност. Но истовремено ве молам и родителите строго и јасно да ги проверуваат телефоните на своите деца, кој, што и како пишува, за да може и вие и ние како училиште да реагираме, да бидеме во една корелација и да не изглеуваат вакви проблеми. Во тек се уписи на првачиња в основното училиште, можеби има и некоја тенденција  за минирање на овој процес … Ова го кажувам со резерва, но мора да сме на се подготвени . Уште еднаш одговорно како директор тврдам дека во овој момент не постојат никакви закани за учениците и вработените. “

Сепак, идентот се случува во време кога јавноста, особено битолската јавност очекува официјален одговор од институциите од правосудството за случајот во кој заменски училишен психолог беше осомничен и притворен од битолската полиција под сомнение за учество во мрежа која произведува и дисрибуира детска порнографија што беше откриен со меѓународна истрага.