ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА СО ПОМАЛКУ ГЛАСОВИ СПОРЕДБЕНО СО 2021

Излезноста во Битола за овие локални избори беше 45,76 проценти. Овој податок се наоѓа на интернет страницата на Државната изборна комисија, а се однесува за 168 од вкупно 170 избирачки места со последниот пресек кој таму стои од 18:30 часот.

53,59 проценти беше излезностa на првиот круг на локалните избори во 2021 година, а на вториот круг беше уште повисока 57, 95 проценти.

На овие локални избори во Битола втор круг нема, Тони Коњановски од ВМРО ДПМНЕ во првиот круг освои 18.813 гласови од излезените гласачи. Наспроти него канидидатот на СДСМ, Методија Куновски кој беше трет по освоени гласови зад Илиевска од Поинаку освои само 6.118 гласови или разликата во предност за Коњановски е точно 12.695 гласови.

Од вкупно запишани изборачи 77.253, на гласање излегле 34.831 избирачи.

Ако правиме споредба со првиот круг од локалните избори во 2021 година, тогаш кандидатот на ВМРО ДПННЕ и коалицијата имаше повеќе освоено гласови споредбено со сегашните избори, односно 19.571, што значи дека 758 гласови поголема доверба имаше на првиот круг во 2021 година.

Тогашниот пак кандидат на СДСМ и коалицијата исто така на првиот круг на локалните избори во 2021 година имаше освоено 17.926 гласови или споредбено со сегашниот прв круг е разлика од 11.808 гласови кои кандидатот на СДСМ ги немаше на овие локални избори.

Споредбата пак со вториот круг е следна. Тогаш Коњановски освои 24.669 гласови, што со сегашниот прв круг, оти немаме втор, е разлика, односно намалување на бројот на гласови за точно 5856 гласиви, а кај СДСМ, односно нивниот кандидат споредбено со вториот круг од локалните избори кога Кондовски освови 21.936 гласа е за дури 15.818 гласови помалку.

Ова значи дека на овие избори споредбено со претходните локални и кај кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и кај кандидатот на СДСМ има намалување бројот на гласови.