ТЕРА

REKLAMA???

ЛДП: ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ

Синоќа извршниот одбор на ЛДП ја одржа својата редовна седница, на која ја разгледа актуелната политичка состојба во државата.

Ја поздравија историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и изразивме голема благодарност до Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј за праведната одлука, со која исправи една голема неправда која и беше нанесена на македонскиот народ и неговото право да има своја црква, велат од партијата.

Исто така ги разгледоа и барањата на опозицијата за предвремени избори и констатирале дека е неопходно целата енергија на политичарите да се насочи кон решавање на проблемите на граѓаните кои се предизвикани од економската и енергетската криза во Европа.

„За нас, предвремените парламентарни избори во овој момент не се решение за излез од актуелните проблеми и сметаме дека иницијативите се поттикнати единствено од партиските интереси и желбата за освојување на власта.

Владата има доволно капацитет и стручност да се справи со предизвиците и да одговори на потребите на граѓаните и од тие причини бараме да се нормализира работата на Собранието, кое во овие моменти на криза треба да работи исклучиво во интерес на народот, а не за теснопартиските интереси на поединци или групации“ велат од ЛДП.