ТЕРА

REKLAMA???

МПЦ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

Најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изразија од Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) за вчерашната одлука на Вселенската патријаршија да ја признае црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет.

Тоа што црквата е признаена под името „Охридска“, според МПЦ-ОА, се потврдува вековниот црковен континуитет.

Од црквата најавуваат и дека ќе ги продолжат разговорите со Српската православна црква (СПЦ) до конечно уредување на статусот на македонската црква.

„Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со Српската православна црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете цркви“, се наведува во соопштението од САС на МПЦ – ОА по вонредната синодска седница одржана денеска.