ТЕРА

REKLAMA???

Градежна механизација го забави сообраќајот на патот кај „Довлеџик“ во Битола

Градежна механизација денеска го забави сообраќајот на патот кај Довлеџик. Тоа предизвика реакција кај возачите коишто со претпазливост ги управуваа возилата по тој пат. Со реакција  се обратија и до Редакцијата на  ТЕРА телевизија, со цел објективно да ја информираме јавноста за какви градежни интервенции станува збор.

На лице место затекнавме градежни екипи на фирмата изведувач коишто вршеа изведбени активности  на терен, а кога се одвиваше застојот во сообраќајот, возачите со сигнализација беа пренасочувани од другата страна на патот.

Инаку, по завршувањето на изведбените активности, патот кај Довлеџик целосно беше пуштен за сообраќај.

За потсетување, целосната реконструкција на улицата „Довлеџик“ во Битола, започна во 2021 година и истата опфати реконструкција на водоводната, фекалната и атмосферската канализациона мрежа.

Беше реконструиран и коловозот, а улицата доби и ново улично осветлување.