Летот 516, на патничкиот авион на “Џапан Ерлајнс“, што сообраќаше од Хокаидо, во северна Јапонија, за Токио, се судри со другиот авион, потоа се запали на пистата и на крајот целосно изгоре. Сударот бил со авион на крајбрежната стража при слетување во Токио.
Во авионот имаше 367 патници и 12 членови на екипажот, и сите успееја да го напуштат леталото и безбедно да се евакуираат.
Не е јасно дали пожарот бил предизвикан од експлозија на опремата за време на слетувањето или има некоја друга причина.
Како што потврдил портпаролот на аеродромот, превентивно е евакуиран целиот патнички терминал.











