ТЕРА

REKLAMA???

АНГЕЛЕВСКА: ИСПАДНА И ТРЕТИОТ БЛОК НА РЕК БИТОЛА

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Силвана Ангелевска на својот фејзбук профил објави дека испаднал и третиот блок на РЕК Битола.

„Денес во РЕК Битола испадна и третиот блок и во моментот имаме 0 (нула) производство на електрична енергија. Оваа криминогена власт на ДУИ и СДС успева во своите намери да го затвори РЕК Битола, столбот на електроенергетскиот систем во Македонија.

Ова е резултат на елементарната неспособност и византиските игри меѓу ДУИ И СДС кој да добие повеќе криминални тендери. Време е да ставиме крај на овој хаос на 8ми мај, а потоа следи одговорност“ напиша Ангелевска.