ТЕРА

REKLAMA???

„БАХ ВО ДИЈАЛОГ – СВИРИМЕ И РАЗГОВАРАМЕ” – МУЗИЧКИ НАСТАН НА ДРЖАВНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ОД БИТОЛА

Државното музичко училиште од Битола, на 19 декември 2024 година, со почеток во 12 часот, организира музички настан под наслов „Бах во дијалог – Свириме и разговараме“. Настанот ќе се одржи во просториите на Државното музичко училиште, Стар објект и ќе биде посветен на делата на Јохан Себастијан Бах.

Во рамки на програмата, младите пијанисти ќе ги изведат дел од најпознатите дела на Бах, вклучувајќи ги неговите прелудиуми и фуги. Овие композиции се вистинско музичко патување низ времето, каде што секој тон станува збор, а секој глас создава универзум. Настанот се организира под менторство на професорите Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Верица Дивитарова и Маја Божиновска, а модератор ќе биде професорката Доминика Рое Поповска.

„Бах во дијалог“ е ретка прилика да се доживее музичкото богатство на Бах и да се почувствува хармонијата која ја надминува времето и просторот. Настанот е отворен за секој љубители на класичната музика.