ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКАТА ГИМНАЗИЈА ДЕЛ ОД 16 ДНЕВНИОТ АКТИВИЗАМ ЗА БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ

Во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ се одржа завршен настан од 16 дневниот активизам за борба против насилство врз жените и девојчињата. Тоа е една светска кампања која што почнува на 25 ноември Меѓународниот ден против насилството врз жените, а завршува на 10 декември Меѓународниот ден на човековите права.

„Пораката која што сакаме да ја пренесеме со овај настан не само локално туку и глобално e дека девојките и жените се моќта, се силата, се двигателот на општеството, навистина го носат на својот грб и дека сме против секаков вид на насилство врз нив без разлика дали е психичко или физичко насилство и тука сме да го кажеме нашиот глас дека сме силно против сите форми на насилство“, изјави Елена Кузмановски, психолог, стручен соработник во Гимназијата „Јосип Броз Тито“.  

На настанот присуствуваше и заменик градоначалникот на Oпштина Битола кој кажа што општината презема во борбата против насилството врз жените и девојчињата.

„Една од активностите кои што беа превземени од страна на Општина Битола во последниот период е финансиска поддршка во висина од 1 милион денари од буџетот на Општина Битола за финансирање на советувалиште-центар за жртви на насилство кој се формира во Општина Битола за прв пат“, рече Бојан Бојкоски, заменик градоначалник на Општина Битола.

Пред присутните беа претставени есеи изработени од страна на учениците, а во рамките на ликовниот конкурс беа прогласени најдобрите цртежи. Со неколку музички точки се претстави и училишниот бенд.