На Интернационланиот младински музички натпревар од Атланта, САД, битолчанецот Стефан Митревски кој свири пијано, во категоријата од 10 до 13 години, ја освои првата награда. Митревски е ученик во Државното музичко училиште во Битола во класата на професорката Маја Божиновска, која исто така доби признание за допринос кон музичкото образование.

Стефан изведуваше модери композиции и тоа од Ричард Клајдермен, Пол де Сеневиљ, Ед Шеран . Инаку тој е роден во Битола 2010 година. Досега ги освоил наградите: прва награда на интернационалниот натпревар Златни таленти во 2021, прва награда на натпреварот Моцарт, натпреварот во Смедерево, Полихимнија Скопје, лауреат на првиот детски онлајн натпревар Идни звезди во Италија, натпреварот Рахмањинов во Босна и Херцеговина и други. Настапува на многубројни концерти во и надвор од државата. Рециталот на победниците ќе се одржи во септември оваа година во Њујорк.

Жирито на натпреварот во Атланта беше составено од врвни професионалци од целиот свет. Идејата на оваа организација е да ја развиваат платформата за градење на кариерите на младите музичари од целиот свет, вмрежување со музичари, проширување на нивните знаења и способности и работа кон проширување на успехот на учениците и наставниците. Продолжуваат да се фокусираат на нивните цели да обезбедат можност за сите музичари од сите нивоа, сите инструменти и сите стилови за развј на нивниот талент.











