По поднесената оставка на претходната директорка на КИЦ, Лили Бошевска, за вршител на должност директор на јавната општинска установа КИЦ Битола, назначен е Благојче Божиновски, дипломиран театарски режисер, со долгогодишно искуство во културата, автор на над 20 театарски претстави, документарни филмови и серијали, како и искуство на работа на домашни и меѓународни проекти.
Божиновски именуван е на оваа функција од 18 јануари оваа година.












