ТЕРА

REKLAMA???

БОЖИЌЕН РУЧЕК ЗА НАД 400 ДЕЦА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО ПРИЛЕП

За градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески чест и задоволство беше вчерашното присуство  на традиционалниот 18-ти по ред, Божиќен ручек подготвен за повеќе од 400 деца, а на организаторите „Детската амбасада – За сите деца во светот“, им честиташе за ангажманот и континуитетот за продолжувањето на оваа прекрасна традиција.

„Зедно со господинот Петар- Митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски и со госпоѓа Александра Северкоска- Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада, на сите деца, на децата без родители, децата на бранителите, децата со посебни потреби, како и на децата членови на Детската амбасада за сите деца во светот, им го честитавме празникот и Новата година со желби за многу здравје, радост, среќа, успех и безгрижно детство.

Секоја година нашата Локална самоуправа го поддржува овој настан и оваа година исто така за сите деца обезбедивме новогодишни пакетчиња.

Во иднина имаме предвидено неколку хуманитарни настани кои што ќе се реализираат во текот на годината и кои што ќе ги поддржиме, со цел да им овозможиме на сите дечиња да ја почувствуваат магијата на празниците и магијата на детството се разбира, ,,Едно небо за сите деца”!

Божик е празник на љубовта и хуманоста и во овие денови, секој од нас, според своите можности треба да им помогне на оние на кои помошта им е неопходна. Токму и целта на овој настан е сите ние да се чувствуваме еднакви и празникот да го славиме заедно“ вели градоначалникот Јовчески.