ТЕРА

REKLAMA???

БОИТЕ НА „КОЛОРС“ ГО ОСВЕТЛУВААТ И УКЛО И РЕГИОНОТ

„Запишете се на вашиот матичен универзитет и добијте меѓународни дипломи во различни универзитети од различни европски држави.“  Вака денеска порача ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски, Игор Неделковски, објавувајќи дека универзитетот во Битола со сите нејзини единици и формално правно е  рамноправна членка на Европскиот универзитетски кампус.  Обединет со 9 универзитети со 12 илјади суденти и 12.300 вработени, Универзитетот во Битола е на официјалниот старт на европската универзитетска алијанса насловена КОЛОРС.

„За нас е историски чин, да наши студенти можат да бираат предмети од овие 9 универзитети и да добијат двојна диплома, притоа не бегајќи во странство , не напуштајќи ја сопствената држава, сопствениот град, бидејќи студирајќи на УКЛО на прв, втор или трет циклус , ќе може во наредните четири години да полагаат и на Универзитетот во Осијек, Хрватска, универзитети во Полска, Лсатвија, Италија, Франција, Шпанија и Падерборг,Германија   рече денеска ректорот на Универзитетот проф. Д-р Игор Неделковски.

Ова е заложба на сите универзитети од европските земји. Европската комисија од почетокот на годината финансиски застана зад 50тина вакви иницијатива. Битолскиот универзитет е единствен од Македонија кој во Падерборн, Германија го означи официјалниот старт. Освен образовниот, истражувачкиот и кариерниот развој што се овозможува, ова е конкретен чекор кон намалувањето на одливот на мозоци од нашата држава.

А заедничка е интенцијата за здражување на младите дома, рече денеска градоначалникот Тони Коњановски.  Заблагодарувајќи се на поканата од ректорот Неделоковски , градоначалникот вети продолжување на соработката. „Заедничка цел и е Битола како град и младите кои се овде со нас а беа присутни во делегацијата да ни останат во градот, да изградиме подобро општество за сите. Укажа и на средбата која ја имал со градоначалникот на Падерборг Мајкл Драер со кој имале и одвоени средби.

„се запознавме со работата на нивната локална администрација, со менаџирањето со градот, а тој не придружувашпе на сите настан таму, така што мислам дека стекнавме еден пријател повеќе и во градот, но и како градоначалникот, со кој ќе имаме и понатаму сроаботка. Го поканивме да биде гостин на Битола, заедно на средбата за која ректорот информираше, треба да се одржи во септември во Битола. “ – рече градоначалникот Коњановски.

Една од насоките кон добра организација на алијансата КОЛОРС е и отворента канцеларија за студентите, групата алумни на универзитетот и граѓаните, за што од универзитетот се надеваат дека ќе се реализира во соработка со оппштината.

Студентите го носат главниот креативен потенцијал, а алијансата ќе функционира и врз основа на нивните барања, идеи, очекувања.

„Во оваа алијанса студентите се главен фактор во сите тела, како во организацијата така и во реализацијата на активностите. Секако и главен корисник на бенефиттите. Во КОЛОРС ни се понудени многу можности. Ќе ја напоменам првата којашто е интернационална. Таа е BIP модел или Blended Intensive Model (куси, интензивни програми за учење со иновативни начини на настава   н.з)  со Еразмус стипендии за десетина студенти на УКЛО што ќе биде во вид на летна школа што ќе се одржува во месец јуни во Падерборн , Германија.  – најави  Борис Гушевски, од студентскиот сојуз.

Во македонското законодавство за соработка на високообразовните институции требаше да се формираат билатерални договори меѓу универзитетите за да може да се направи било каква заедничка активност, се потсети проректорот за финансии Јове Талевски. Тука е главната придобивка од КОЛОРС.

„Методологијата на овој крупен проект и на сите заеднички активности на проектот е структурирана според одредени критериуми и стандарди коишто се применуваат и врз основа на кои за почеток се утврдени шест работни групи или т.н работни паккети. Во работните пакети се вклучени сњите области од универзитетската активност, а активностите меѓусебно се испреплетуваат и надополнуваат.“ – рече проректорот  Јове Талевски.

Универзитетот има транзиционен период во кој треба да се направат одредени измени во законската регулатива за соработка на универзитетите и добивањето на двојна или тројна диплома, рече ректорот Игор Неделковски. Наставно-научните односно студиските програми на Универзитетот се соодветни на европските и тоа е главната предност на битолскиот наспроти другите универзитети во Македонија.