ТЕРА

REKLAMA???

БУНЕВСКА-ТАЛЕВСКА: СТУДЕНТСКИ СТАНДАРД НЕ Е САМО СМЕСТУВАЊЕ И ОБРОК

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ има посебна политика за поддршка на студентите што ја реализира во текот на последниве неколку години. Топла вода  во студентските домови и висина на цената на студентскиот оброк не се единствените параметри кога се зборува за студентски стандард, вели проф.д-р Јасмина Буневска-Талевска, професор на Техничкиот Факултет, проректор за студентски прашања. Разговорот сепак го имаше текот на овие прашања.

„Студентскиот стандард не е само студентскиот дом туку целиот процес на студирање и сите поволности коишто еден универзитет и единиците на универзитетот можат да ги дадат за своите студенти и во таа насока можеме да се пофалиме со бројка од повеќе од 250 студенти коишто се сместени во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола којшто е наша придружна членка на Универзитетот која можам да кажам дека е еден од студентските домови со повисок стандард со ниска цена за плаќање на сместувањето, меѓутоа и со голем број услови за сместувањето на студентите со попреќености. Понатаму имаме 30 студенти смесени во студентскиот дом во Прилеп и околу 80 студенти во студентскиот дом во Охрид, и, секогаш велам дека може да се подобруваат условите во студентските домови, слушаме дека постојано сд работи на покренување на иницијативи за подобрување на стандардите во студентските домови, очекуваме дека тоа ќе се случи меѓутоа сметам и дека и во вакви услови посбно студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола ги задоволува стандардите за живеење.

Тера: Кои се чекори се потребни за да се каже, на пример, добар е студентскиот стандард ?

Проф. Буневска-Талевска: Веќе почнавме од тој дел, од студентските домови, меѓутоа потребно е комплетна дигитализација на високото образование и секако и висината на студентскиот оброк, висината на стипендиите – се може да се подобри. Но според некои мои лични анализи, 850 денови од понеделник до сабота се …добра сума особено ако знаеме дека сместувањето во студентските домови е 3.200 до 3.500 денари тоа значи дека со таа поддршка студентите може тоа да го платат и да добијат многу добар оброк. Три оброци во текот на денот и топло сместување и услови за студирање. Понатаму мора да ги споменеме стипендиите коишто ги добиваат студентите на различни нивоа. Барем на универзитетот „Св. Климент Охридски“ голема е бројката на студенти кои добиваат стипендии, секако оние кои ги задоволуваат критериумите, и од Министерството за образование и наука ,  на основа на нашата исклучителна соработка со стопанството и со локалните самоуправи исто така голем број на студенти добиваат поддршка и од стопанскиот сектор , во последните две години се интензивираше таа соработка за определн начин на стипендирање на студентите.“

За да разберете со кои претпријатија Универзитетот има сорабокта – подолу во видеото.

Како што студентски стандард не е само еден параметар, така и студентските трудови не се само семинарска работа, препишани наводи од објавени научни истражувања на темата. „Нови, интегративни,  трудови за применети или теоретски истражувања на додипломски или дипломиран студент на акредитирана академска институција“, минувајќи низ строг факултетски рецензентски процес, може да бидат објавени во професионалното научно списание за студенти „Нови Хоризонти“ што од старт укажува на стандардот што Универзитетот го негува. Во светот кадешто се мери и изразува низ бројки, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на другите во државата им понуди систематизиран пристап кон вреднување на студенското вон-наставно ангажирање, што како резултат има повисок стандард на академскиот живот.

И за значењето на „Нови Хоризонти“ и Правилникот за вреднување на вонстудентските активности на  студентите ,  во видеото од крајот на оваа објава од разговорот со проф. Д-р Јасмина Буневска-Талевска, проректорка за студентски прашања на УКЛО.