ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ

Доцна вечерва поинтензивна нестабилност во централниот дел од земјава, претходно нестабилно на повеќе места во западна Македонија. Од југозапад кон Скопската Котлина навлегуваше нестабилна маса, која ќе предизвика пороен дожд и грмежи, поинтензивни во нејзиниот јужен и источен дел.

До крајот на деното променливо облачно и нестабилно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Во утринските часови променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.

Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.