ТЕРА

REKLAMA???

ВОНРЕДЕН СОСТАНОК НА ЕУ ЗА ВОЈНАТА МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека во вторник на 17 октомври ќе се одржи вонреден видео – состанок на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Министерството за здравство во Појасот Газа утринава соопшти дека 2.329 Палестинци загинале, а повеќе од 9.000 се повредени во израелските воздушни напади како одговор на нападите на Хамас врз Израел, кои почнаа на 7 октомври.

Портпаролот на израелската армија Јонатан Конрикус уште еднаш ги повика жителите на северниот дел на Појасот Газа да го почитуваат предупредувањето да се евакуираат во јужниот дел на палестинската територија, во време кога, како што наведе, Израел е подготвен да започне „значајни воени операции“.

Организацијата за исламска соработка, по повикот од Саудиска Арабија, на 18 октомври во Џеда ќе одржи итен состанок на кој ќе разговара за насилството во Газа, по осумдневната војна во која животот го загубија илјадници луѓе.

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и одделно со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопштија синоќа од кабинетите на израелскиот и палестинскиот лидер.