ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ДОЖД, ВЕТЕР И ТЕМПЕРАТУРА ДО 13 СТЕПЕНИ

Минимални температури измерени утрово: -5 степени Берово, -4 Попова Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Битола, Прилеп, Велес, Демир Капија, -1 Штип, КаШапка, Лазарополе, -3 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Струмица, -2 вадарци, Гевгелија, 0 Виница, Куманово, Крушево, 1 Охрид и 3 степени во Претор и Дебар.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2):
15 Лазарополе, 5 Претор.

Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Пелагонија ветерот достигнува брзина над 50, во североисточните делови над 60, а наместа долж Повардарието над 70 km/h.

Времето денеска претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа особено во западните делови повремен снег ќе има и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степен

Во Битола променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, засилен ветер и максимална температура до 13 степени.