По пауза заради ковид пандемијата, пензиоенрите од регионот на музичка дружба, јубијена, која ја организираше Здружението на пензионери на Битола, под покровителство на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

На големата сцена на Центарот за култура се случи 20 јубилејна регионална ревија на песни, музика и игри 2022.

Битолското здружение на пензионери е едно од поголемите здруженија, формирано во далечната 1946 година, членка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со над 18 илјади пензинери, кои денеска несомнено се столб на скоро секое семејството.

Во рамките на Здружението на пензионери Битола, освен пензионерите од Битола, членуваат пензионери од Новаци и Могила.

Пандемијата ги редуцираше активностите од култуно-забавниот живот и спортските активности.

Претседателката на Здружението на пензионери-Битола, Даница Петличкова ги поздрави присутните, притоа зборувајќи за активностите на здружението и за важноста на негувањето на традиционалната песна, музика и игра.

Од името на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија присуните ги поздрави и ја прогласи за отворена оваа ревија, Илија Адамовски-претседателот на Собранието на сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Настапија КУД кои се дел од пензионерските здруженија во Битола, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.

Освен музика имаше и поезија, напишана и интерпретирана од пензионери. На крајот на ревијата беа доделени и благодарници за учесниците.












