ТЕРА

REKLAMA???

ВО МОГИЛА ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ

На вчерашното гласање во Општина Могила, Драганчо Саботковски кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата освои 1662 гласа или 49,17%.

На второ место по бројот на гласови е независниот кандидат Сашо Пивковски кој освои 1253 гласа или 37,07%, а на трето место Зоран Ристевски кандидат на СДСМ и коалицијата за кој гласале 351 избирач, односно 10,38%.

На 2 ноември ќе се гласа на вториот круг за избор на градоначалник на Општина Могила.