ТЕРА

REKLAMA???

„ВРЗЕТЕ МИ ГИ РАЦЕТЕ“-НОВА ПЕСНА НА ДАРИО ПАНКОВСКИ

„Врзете ми ги рацете” пее популарниот Дарио Панковски со што ги освои многубројните македонски топ-листи. Тоа е неговата нова песна, зад која како комплетен автор се потпишува Кристијан Габроски.

Дарио се пронајде во песната, со интерпретацијата со која може секогаш да биде горд. Во новата песна се зборува за тажната љубов, која кога ќе ја изгубиме, се каеме, бидејќи пред тоа не знаеме или не сакаме да си го почитуваме партнерот.

Оваа песна како и останатите на Дарио ја имаат онаа нота со која ги привлекуваат слушателите. И потоа песните му стануваат евергрини. Многу се такви кои Дарио ги има во својата богата кариера.