Руската државна компанија Газпром соопшти дека на крајот на август три дена ќе ја запре испораката на гас низ гасоводот Северен тек 1 која води низ Балтичкото море, пишува Дојче Веле.
Газпром синоќа соопшти оти гасот, поради работи на одржувањето на гасоводот, во Германија нема да пристигнува од 31 август до 2 септември.
Во тек на овие три дена би требало да биде испитана и ремонтирана единствената турбина од компресорската станица Портоваја која е во функција.
Оваа работа Русите би требало да ја направат во соработка со стручњаците од Сименс Енерџи, чија управа не ја коментираше најавата на Газпром.












