ТЕРА

REKLAMA???

ГОРАН ПИНЗА Е ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БИТОЛСКАТА ЛДП

Вечерва се одржа 8-то Собрание на Општинската организација на ЛДП-Битола. На собранието за нов претседател на битолските либералдемократи избран е Горан Пинза.

„Она за кое се борам и верувам дека треба да се промени, ќе се обидам да го остварам со помош на овие луѓе кои ми дадоа безрезервна поддршка. Ќе се промовираме со дела и реализации, а не со популизам и селфи фотографии. Благодарност за довербата, предлогот и изборот“ рече Пинза по изборот.

Пинза на последните локални избори беше кандидат за советник на листата на коалицијата на ЛДП и ДОМ.

Тој доаѓа на местот на досегашниот претседател Александар Касапов.