Во рамките на Проектот „Универзитети без корупција во Албанија, С. Македонија и Србија“, Институтот за стратешки истражувања и едукација ИСИЕ – Скопје во соработка со Правен факултет – Кичево, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола организираше Работилница за градење на капацитети за спречување и превенција на корупцијата во Битола.

Работилницата беше првенствено наменета за претставниците на Факултетите, стручно-административната служба како и студентите и студентски организации. Преку практични вежби, повеќе од 25 учесници стекнаа знаења и вештини за препознавање, пријавување и спречување на корупцијата во високото образование.

Во знак на благодарност за поддршката на овој проект, посебна благодарница ѝ беше доделена на деканката на Правниот факултет, проф. д-р Светлана Вељановска.
Проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ е поддржан со регионален грант на СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество, Центарот за истражување и креирање политики и Институтот за демократија и медијација од Албанија и финансиски поддржан од норвешкото Министерство за надворешни работи.












