Лажни се наводите изнесени на вчерашната прес конференција на советникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојковски дека Стрежево ја поскапи водата за 20 проценти, рече денеска директорот на јавното претпријатие „Стрежево“, Менде Граматковски.
„Согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги доменот на регулирање на тарифи за снабдување со сурова вода и вода за пиење односно формирањето на цените на водните услуги е во директна надлежност на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, но зависи и од Одлуката на основачот во случајот наш од Владата која ќе ја утврди за Хидросистемот „Стрежево“ Битола.
Владата сѐ уште како основач нема донесено цена за водата која ќе ја продава „Стрежево“ на ЈП „Водовод“ за наредниот период. Претпријатието дава предлог ценовник, но Владата е таа која одлучува.
Во овој момент ние како претпријатие не можеме да претпоставуваме каква Одлука ќе биде донесена, можеби цената ќе остане иста ќе се движи во нагорна или во надолна линија.
Во случај надлежните институции да ја прифатат предложената цена од Стрежево зголемувањето на цената ќе биде за 0.9 дени од сегашната цена. Ова покачувањето на цената е симболично.
Цената на водата која ”Стрежево” ја наплаќа од ”Водовод” за регулиран период 2021- 2023 е следна:
- во 2021 – 5,15 денари за кубен метар,
- во 2022 – 5,38 денари за кубен метар
- во 2023 – 5,56 денари за кубен метар
Ова значи дека цената е многу ниска и од Владата побаравме да биде просечната цена која ни ја предложи Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, а таа изнесува
- во 2024 – 6,48 денари за кубен метар
- во 2025 – 6,47 денари за кубен метар
- во 2026 – 6,40 денари за кубен метар
Од ова се гледа дека во наредните години има и намалување на цената
Стрежево формираше предлог цената со цел да се овозможи квалитетно и одржливо користење на водната инфраструктура, но истовремено се грижиме за интересот на граѓаните да имаат обезбедена квалитетна водна услуга со најмалку трошоци.
Предизвиците во работењето остануваат и натаму, но ние се водиме од јавниот интерес и од нашата визија да обезбедиме високо ниво на услуги по најниски цени“ вели Граматковски.












