ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ КОЊАНОВСКИ ОЧЕКУВА ПОДОБРА ГОДИНА ОД ЛАНСКАТА ВО СОРАБОТКАТА СО СОВЕТОТ?

Дали градоначалникот на Битола, Тони Коњановски очекува подобра година во релациите и соработката со Советот на Општина Битола, вака го прашпавме на вчерашната прес конференција, со оглед на фактото што ланската година беше проблематична во тој дел.

„Со оглед на тоа дека најдовме разбирање, конечно, се надевам, пред крајот на годината со изгласувањето на буџетот, мислам дека ќе продолжиме во таа насока. Дискусии да има, тоа воопшто не е спорно, различни мислења, дебата, било да е тука во кабинетот на градоначалникот или на самата седница на Советот, меѓутоа мислам дека треба да имаме подобро разбирање во интерес на градот и граѓаните.

Мислам дека ќе останеме имуни на сите процеси кои што ќе се одбиваат во овој период на избори и ќе го работиме она за што сме на оваа позиција, и како советници и како грдоначалник“ рече Коњановски.