ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ НА СРЕДБАТА СО ГИР ЌЕ БИДЕ И ТЕМАТА ЗА БЛОКИРАНИТЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ?

Евроамбасадорот Дејвид Гир доаѓа во уште една посета на Битола, за време на која ќе има и средба со советници од Советот на Општина Битола. Од делегацијата на Европската унија од Скопје за Тера телевизија рекоа дека тоа е вообичаена средба како и во други општини.

„Како дел од редовните активности, амбасадорот Гир редовно посетува општини низ земјата и во рамките на тие посети вообичаено остварува средби со градоначалниците, советниците на општините, млади луѓе, граѓани. Со оглед дека досега се нема сретнато со советниците во Битола, оваа средба ќе биде остварена во рамките на посетата закажана за понеделник. На средбата амбасадорот Гир ќе разговара со советниците за повеќе прашања од интерес“ стои во одговорот од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Исто така прашавме и за пренамената на средствата, оние планираните за реконструкција на објектот „Парк“, сега за проектот за велосипедски патеки во Битола.

Од таму велат дека проектот „Smart4you2“ е кофинансиран од грантови од Програмата на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Овој проект, првично потпишан во декември 2021 година, беше предмет на промени, кои беа договорени и финализирани во јули 2023 година. Тие беа неопходни со оглед на надворешните фактори, вклучително и глобалните зголемувања на цените, како и целокупниот напредок во спроведувањето на проектот. Делегацијата на ЕУ, како Договорен орган, го одобри барањето за воспоставување велосипедски патеки по темелно испитување на оправданоста за таквите измени на првичниот проект и во согласност со правилата и процедурите кои ги регулираат таквите видови договори. Нормално, овие дејствија беа преземени во тесна соработка и по барање на општината како корисник.

Ова предвидува изградба и достапност на велосипедски патеки во рок од 14 месеци (по завршување на тендерската постапка). Проектот завршува на 28.02.2025 година.
Секое доцнење во реализацијата на проектот може негативно да се одрази врз реализацијата на проектот и неговите потенцијални придобивки за локалните граѓни, објаснуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

На 23 август на седница на Советот на Општина Битола не поминаа велоспидските патеки.

Тогаш Бојкоски од владеачката партија рече дека очекува дека советниците ќе ја изгласаат оваа точка, бидејќи се работи за проект важен за Битола, особено за велосипедистите, а Илиевски од опозициската СДСМ кажа дека ќе побараат точката да биде тргната од дневен ред оти очекуават дополнителни објаснувања.

И така се случи, предлогот на СДСМ за повлекување на точката беше поддржан од советниците од Поинаку и Левица.

Претходно градоначалникот даде објаснување.

„Со потпишувањето на анексот од страна на Делегацијата на Европската Унија, во кој се дозволува пренамена на средствата од проектот Smart4you2 за реконструкција на тротоарите на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, по што соодветно ќе се изведат и велосипедски патеки, Битола ќе добие велосипедски дел во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина. Реконструкцијата ќе се изведе на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците. Напоменувам, зелениот појас на двете улици и постоечките дрвја, нема да бидат загрозени со овој проект, во насока на зачувување на животната средина. За овој проект веќе е изработена техничка документација, како и основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централно градско подрачје во Битола, со сите потребни одобренија. Да појаснам уште еднаш, дека до ова решение се дојде со целосна усогласеност на сите партнери во проектот, како и на Делегацијата на Европската Унија. Првичната намена беше реконструкцијата на објектот Парк, но поради инфлациите и состојбата со Ковид кризата, вредноста за реконструкција двојно се зголеми, што беше пречка за реализација на проектот и во рамките на ЕУ и кај општините партнери во проектот. Затоа се побараа соодветни решенија, кои беа понудени како замена за објектот Парк. Од наша страна беа предложени партерното уредување на Офицерскиот дом, кое веќе се реализира со општински средства, како и санацијата на постоечките тротоари на улиците Васко Карангелевски и Партизанска, со поставување на велосипедски патеки. Од страна на Делегацијата на ЕУ, беше избран проектот за санација на тротоарите и поставување на велосипедски патеки. За овој проект, службите во општина Битола стојат на располагање за секеков вид на објаснување“ рече Коњановски.

На таа седница од СДСМ рекоа дека наместо за реконструкција на Парк и заокружување на Офицерски како целина, Коњановски сака да ги пренамени европските пари за тротоари! Советниците, како претставници на граѓаните, ќе го кажат последниот збор! Ама, прво да го видат проектот“ рече советничката Мирјана Захариевска-Ралевска.

„Проектот за реконструкција на Парк е избран уште пред три години и со него просторот околу Офицерскиот дом треба да го добие конечниот изглед. Наместо ругло какво што е сега, објектот е планирано да прерасне во инфо точка за странските туристи кои обично ги паркираат автобусите кај спортската сала, но и место каде било кој посетител на градот ќе може да се информира за Битола.

Наместо тоа, Коњановски сега сака да ги искористи парите за велосипедските патеки што ги ветуваше. На што ги потроши градоначалникот 500-те илјади евра кои Советот ги предвиде во програмата за економски развој за изградба на велосипедски патеки на Васко Карангелевски и Партизанска? Зошто Коњановски се откажува од реконструкција на објектот Парк за кој се обезбедени европски пари?“ праша таа.

Претходно на 18 мај од владечката партија рекоа дека маските паднаа и дека на седницата биле сведоци на ново непријателско здружување кое е против изградба на велосипедски патеки и пешачки патеки во Битола, рече тогаш Бојкоски.

„И покрај сите напори на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата,општинската администрација и претставници од здружението БитолаНаТочак да се убедат сите советнички групи во Советот на општина Битола да дадат поддршка за жал советничките групи на СДС, Левица и Поинаку не дадоа поддршка за изградба на велосипедски патеки.

Иако за време на предизборниот период на сите јавни дебати сите повикуваа дека потребно е Битола да стане велоград денес на дело се виде дека сето тоа било само за собирање на политички поени“ рече тој.

Крајот на месец август се возеше 63-та критична маса, од која уште еднаш се побара велоинфраструктура во градот. Собирното место беше во градскиот парк, а потоа низ големите сообраќајници, еден круг низ градот да се анимира и јавноста и надлежните за потребата од велосипедски патеки.

Виктор Илиев од „Битола на точак“ тиогаш рече дека досега многу се зборувало за велосипедски патеки и велоинфраструктурата, но останало само на прокети и стратегии, сакаме вели на терен да ги видиме тие проекти. Упати апел до советниците што побргу да излезат со свои аргументи и да се соочат и да ја затворат дискусијата и побргу да се започне со реализација, затоа што градежните сезони секоја година не одминуваат, а на терен вели не се случува ништо.