ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Денеска седница на Советот на Општина Битола.

На дневниот ред се вкупно 28 точки утврдени на координацијата, а дали ќе се прошири дневниот ред тоа ќе зависи од советниците.

Се очекуваат и дополнувања на дневниот ред, за што веќе информиравме, а редовно има и советнички прашања до градоначалникот на општината, ако тој е присустен на седницата.

Ова се првите девет точки од дневниот ред:

  1. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2024 година.
  2. Програма за измена на Програмата за финансисрање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола во 2024 година.
  3. Програма за измена и дополнување на Програмата за образование во Општина Битола за 2024 година.
  4. Одлука за примање на донација за енергетско обновување во основно училиште и градинка во Општина Битола.
  5. Одлука за партиципирање во трошоците за доделување на зелени поени на граѓаните за користење на вендинг машини во соработка со Пакомак ДОО Скопје.
  6. Одлука за согласност за имплементација на проектот „Зајакнување на улогата на младите во Општина Битола“.
  7. Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на извештајот на комисиите за попис на основните средства на ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола за 2023 година, од сметката 903 констатиран и предложен за расход.
  8. Решение за давање согласност на Статутарната Одлука за измени и дополнување на Статутот на ОЈУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ Битола, бр.01-150 од 20.08.2019 година.
  9. Решение за  разрешување и именување на членови  во Општински совет за превенција на детско престапништво на Општината Битола.

Останатите од 10-та до 28-ма точка се за урбанистичко-планска документација.