Од ски-центарот Стрежево информираат дека поради исклучително лошите временски услови и честите прекини во снабдувањето со електрична енергија и покрај големите напори што ги вложиле нивните екипи, денес не е во можност да работи ски-центарот.
„За продолжувањето со работа ќе Ве известиме веднаш штом се создадат услови“ информираат од ски-центарот Стрежево.














