ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СЛАБ СНЕГ И ВО БИТОЛА, А ПОТОА СОНЦЕ

Утрово најстудено со -8 степени беше на Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крушево, -1 Крива Паланка, 0 Виница, Куманово, Прилеп, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, 1 Претор, Штип,Струмица, Битола, 2 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, 3 Демир Капија, 5 Гевгелија, Охрид,

Најмногу дожд 50 л/м2 наврнаа во Маврови Анови, 21 Попова Шапка, 17 Крива Паланка, 16 Пожаране, 12 Пожар-Радовиш, Берово, 11 Куманово, 10 Скопје – Петровец, Виница, Охрид, 9 Крушево, Битола, Велес, 8 Штип, Скопје – Зајчев Рид, 7 Претор, Струмица, Тетово, Демир Капија, 6 Гевгелија, Кавадарци, 4 Прилеп, Тополчани.

Во текот на ноќта врнежите од дожд престанаа, а на планините и понекаде на повисоките места, особено на западот, започна слаб повремен снег. Во југозападните делови дуваше засилен до силен југозападен до западен ветер, а во останатите делови утринава ветерот беше северен и тој во Штип дуваше со засилен интензитет. Слаб снег во Скопје – Петровец и Тетово, а снег паѓаше и Крушево.

Во Битола претпладнево имаше слаби врнежи од снег.

По утринското облачно време, попладнево облачноста се намалува и во Битола времето е сончево.

Максималната температура ќе достигне од 2 до 11 степени. Во Битола до 4 степени.