Утрово -6 степени во Берово, -3 Маврови Анови, Битола, Демир Капија, -2 Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Прилеп, Струмица, -1 Охрид, Велес, Попова Шапка, 0 Гевгелија, Кавадарци, Претор, 1 Тетово, Виница, Скопје-Зајчев Рид, 2 Крушево, 4 Дојран.
Денеска во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени. Во Битола до 15 степени.











