На денешен ден светата православна црква го празнува споменот на Свети Спиридон чудотворец. епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги помагал сиромашните. Многу неверници придобил кон Христијанската вера. Умрел во 348 година.
Македонската православна црква денеска го празнува Светиот Спиридон кој потекнува од едно мошне сиромашно, но многудетно семејство на Кипар. Се оженил во раната младост и него самиот Бог го благословил со многу деца. По упокојувањето на неговата жена, се предал на служба на Бога. Заради свoeтo oсoбeнo благoчeстиe бил избран за eпискoп вo градoт Тримифунт. Нo тoј и какo eпискoп нe гo прoмeнил прoстиoт начин на живeeњe, трудeјќи сe личнo сам oкoлу свoјата стoка и oбрабoтувајќи ја зeмјата. Сo Бoжја сила пoкажал мнoгу чуда: измoлил дoжд вo сушнo врeмe, гo запрeл тeчeниeтo на рeката, вoскрeснал нeкoлку мртoвци, гo исцeлил царoт Кoнстантин oд тeшката бoлeст, ги видeл и ги слушнал ангeлитe Бoжји, прoзирал вo иднитe случувања и вo тајнитe на чoвeчкoтo срцe, oбратил мнoгу кoн вистинската вeра.
Учeствувал на Првиот всeлeнски сoбoр вo Никeја и сo свoeтo прoстo, нo јаснo испoвeдувањe на вeрата, какo и сo мoќнитe чуда, пoвратил мнoгу eрeтици вo правoславиeтo.

Неговите свети и пречесни мошти се чувале на Кипар до наездата на арапите во седмиот век, кога биле префрлени во Константинопол, од каде што по втор пат, пред падот на Градот, биле префрлувани низ балканските земји, за на крај, околу 1460 година да бидат пренесени на Крф од страна на монахот Калохеретис.
Всушност Крф во денешна Грција се нарекува и Остров на Св. Спиридон. Неговите мошти се исклучитело зашститени, а сите го чувствуваат неговото стално присуство за тие на кои им е најпотребна неговата помош.
Која е моќта на Свети Спиридон?
Во гробот, каде што е положено телото на свети Спиридон, на секои шест месеци се врши обредот на преоблекување на Светителот. И ова не е само церемонија, туку неопходност.
Свети Спиридон мора да се пресоблече, бидејќи облеката му старее, а особено чевлите му се истрошија. Затоа што Божјиот свет утешител постојано патува, ги посетува оние што го повикуваат во молитва, обезбедувајќи им на сите оние кои бараат негова чудесна помош.
Гробницата ја отклучуваат двајца слуги со два клуча истовремено. Но, како што велат, понекогаш гробницата не може да се отвори. Се верува дека светецот во тоа време не е во гробот и дека тогаш шета по земјата. Потоа треба да почекаме.
Документирано е дека обувките специјално направени за стапалата на светецот – меки црвени кадифени чевли, или како што понекогаш се нарекуваат – влечки, завршуваат со набори и гребаници. Затоа, стариот пар се соблекува и се ставаат нови чевли.
Откако ќе се заменат влечките со нови, истрошените чевли веднаш се сечат на мали парчиња во црквата и се делат на сите. Овие мали парчиња ткаенина, спакувани во мали коверти со синиот печат на црквата Керкира, се нарекуваат phylakta – светилиште.
Оттука, во многу региони овој ден се одбележува како ден на кондураџиите односно чевларите.












