ТЕРА

REKLAMA???

ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ НА 12-ТА ГЕНЕРАЦИЈА НА БАС

Бизнис Академијата Смилевски денеска по 12-ти пат на свеченост во Народниот театар во Битола ги додели дипломите за завршен прв и втор циклус на студии.

На 170 дипломанти од сите градови од целата земја им бев доделени дипломите од прв циклус студии од насоките дипломиран бизнис менаџер и дипломиран оперативен менаџер и на втор циклус студии за насоката специјалист по стратегиски менаџмент.

За 12-та генерација на димпломанти, директорката на БАС, проф. д -р Маја Кузмановска рече:

 „12 апостоли, 12 витези на тркалезната маса, 12 богови на Олимп, 12 месеци во годината….12 генерација на дипломанти“.

Директорката на БАС пред присутните рече дека живееме во едно чудно време – невреме во кое вредностите и моделите на живеење се ставени под искушение.

„Чекаме празник за да подариме љубов, а болест за да подариме грижа и внимание. Во систем во кој еродираат моралните норми, колку повеќе читаме, толку помалку знаеме, а колку повеќе искусуваме, толку помалку доживуваме. Повеќе не мачи прашањето која е тајната на успехот на Бил Гејтс или која е тајната на здравата коса на Меган Маркел чии стихови останаа заглавени во нашите глави.

Драги мои студенти, Ваша мисија е да ги надминете овие кризи на вредносниот систем. Не постои тајна формула за успех ниту инстант прирачник како да се дојде до него. Постои само желба да се успее и спремност да се дојде до него. Тоа бара многу работа, посветеност, пожртвуваност, храброст и многу љубов. Успехот е признание за минатиот труд и поттик за идните цели. Впивајте го знаењето со сите сетила зошто светот во кој живееме многу брзо се менува. Големите ги гонат помалите, а брзите триумфираат над бавните. Или сепак не е се така црно – бело“ рече Кузмановска.

Им порача дека денеска тие добиваат пасош кој ќе ги одведе во иднината чиј креатор се токму тие.

„Вие одлучувате каде ќе бидете и што ќе правите. Вие ја правите селекцијата во позитивниот хаос трагајќи кон создавање на внатрешен ред на кој вие ќе му дадете смисла. И не го мерите времето, не е парадокс ако смислата ја најдете премногу доцна оти таа се бара на крајот, а до тогаш се живее. Редете ги искуствата како делчиња од мозаик дури и тогаш кога ви се чини дека немаат никаква смисла. Зошто смислата не се учи, таа се открива“ вели проф.д-р Кузмановска.

Повеќе за настанот, гледајте в понеделник во Актуел на Тера Тв.