ТЕРА

REKLAMA???

ДОЖД ПО КОТЛИНИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.

Попладне, почнувајќи од запад облачноста ќе се намалува и до крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Потоа ќе преовладува променливо облачно време со појава на магла или ниска облачност по котлините. Повремени врнежи од дожд, на планините од снег ќе има во вторник.