На денешната последна седница на Собранието во овој пратенички состав, се најде и предлог Законот за основање на медицински факултет во рамките на битолскиот универзитет.
Овој закон како што објасни спиркетот Митрески се донесува со мнозинство гласови од присустните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присустните пратеници кои што припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Македонија.
Вкупно гласаа 69 пратеници. Сите 69 пратеници гласаа „за“, немаше против, немаше ниту воздржани.
Гласањето од пратеците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Македонија се произнесоа вака. Вкупно гласаа 25 пратеници и сите 25 гласаа за.
Со ова констатираше претседателот на Собранието, Јован Митрески, дека Собранието го донесе законот за основање на медицински факултет во состав на универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола.
Предлогот во Собрание беше поднесен од група пратеници од СДСМ, а претходно иницијативата во Битола ја соопшти потпретседателката на СДСМ Бисера Костадоновска-Стојчевска.
Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска информираше дека законот се изгласа и дека сите беа „за“.











