МВР соопшти дека денеска од полициски службеници е приведно лице вработено во ЈСП Скопје, по претходна пријава околу 5 часот од Јавното сообраќајно претпријатие дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП бил пратен меил со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.
Полицијата соопшти дека се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.












