Денеска се одржива 41-та седница на Советот на Општина Битола, на која освен предвидените има и дополнителни точки кои ги предложија советниците. Иако закажана за 9:00 часот, седницата започна со речиси еден час задоцнување.

Пред 9:00 часот пристигна претседателката на Советот Габриела Илиевска, потоа дојдоа советниците од ВМРО НП, Кире Климевски и советникот од ПОДЕМ, Златко Лозановски.
Салата продолжи да биде празна, оти се чекаа двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
На врата се појавија заедно главните во советничките групи на двете најголеми партии Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ и Методија Илиевски од СДСМ.

По нив дојдоа и другите советници. Па СДСМ замина на координација и се чекааше да се искординираат. Нешто околу 10:00 часот започна оваа седница.

На почетокот беше интонирањето на македонската химна.












