Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени кога се судрија патнички и товарен воз во централниот дел на Хрватска.
Судирот се случил синоќа, околу 21:30 часот по локално време, во близина на градот Новска.
Томислав Антун Бибер, главен истражувач за железнички несреќи од хрватската Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, железничкиот и поморскиот транспорт соопшти дека е очигледно дека патничкиот воз удрил во товарниот воз, кој бил во дефект. Според некои информации, патничкиот воз не застанал на сигналот за застанување.
Информациите од медиумите велат дека патничкиот воз се движел со брзина од 120 км/час.
фото: index.hr












