ТЕРА

REKLAMA???

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА И НА ЃАВАТО И НА ПЛЕТВАР

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат.“.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Тетово – Попова Шапка, Ѓавато, Плетвар.