ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА ВО КИЦ БИТОЛА

Со хуманитарниот концерт “Калеидоскоп на звукот” на младите музичари Доминика и Симон Поповски, во Свечената сала на Офицерскиот дом – Културен и информативен центар – Битола и официјално започна концертната сезона во КИЦ Битола за 2024. На програмата беа три сонати од норвешкиот композитор Едвард Григ, рускиот гениј Сергеј Прокофјев и францускиот бунтовник Клод Дебиси.

Сите три сонати се динамични, носат во себе посебни стилски карактеристики, а се и технички и уметнички предизвик. Самите композитори се познати музички револуционери кои не биле љубители на правила, па така создале дела кои зрачат со живот.

Главната идеја за овој концерт била да се биде хуман, да се мотивираат и другите да бидат хумани,  а притоа и да се ужива во звукот на безвременските музички дела.  Сите собрани средства ќе бидат донирани во Домот за доенчиња и мали деца – Битола.

Сценско – уметничката дејност во КИЦ завзема посебно и видливо место во програмските активности. Поради поседувањето на исклучително атрактивните концертни и презентациски простори во своите објекти, пред се концертната сала во Офицерскиот дом, амбиенталноста, опременоста и отвореноста и професионалниот тим, ЈОУ КИЦ-Битола, стана средиште на бројни музичко – сценски настани, фестивали и проекти.