ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО КРАЦИ ОД ТОПЛОВОДОТ КАЈ СТАРАТА КАСАРНА

ЕСМ Топлификација-Битола информира дека започнуваа со изведба на краците од топловодот на ул. „Студентска“ и „Баница“ кај старата касарна пред КАМ.

Како што претходно беше објавено со влезот од Битола 5, тоа е некаде кај населбата Јени Маале, значи во делот кај железничката линија, топловодот поминуваме под пругата и на таа обиколница кај Јени Маале цевководот се дели во две насоки, лево и десно по обиколницата. Едниот крак оди по улицата „Иван Милутиновиќ“ и булеварот „1 мај“ нагоре о Црн Мост, а другиот дел оди по улицата „4-ти Номеври“, покрај училиштето „Коле Канински“ и продолжува по улицата „Партизанска“ нагоре се до кружниот тек кај „Веро“ .

Во оваа изведба предвидено е да се поврзат 35 институции, општински и државни институции, градинки, училишта, судови, болницата, спортската сала.

Минатата недела градежните машини за изградба на топловодната мрежа низ Битола работеа во населбата Кланица.