Намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства на ниво на локалната самоуправа е проектот на Центарот за граѓански комуникации.
Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип се општините каде ќе се имплементира овој проект.
Донатор е Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. На промоцијата на проектот, холандскиот амбасадор ни кажа во кое друшво на земји е Македонија по степенот на корупција.
Со неговиот став не се согласува извршната директорка на ЗЕЛС која вели дека немисли оти општините се најголемиот коруптивен елемент во држвата.
Како најголемо општествено зло, корупцијата продира во сите сфери, вели претседателката на антикорупциската комисија.
Се отвори и дебата за тоа како едни исти фирми постојано се јавуваат на одредени тендери или ќе се каже дека самите фирми го делат пазарот и ги контролираат цените.
И општина Битола ќе биде дел од овој проект. Свое обраќање имаше и градоначалникот на Битола, зборуваше за транспарентноста и што општината презема во Битката со корупцијата, односно нејзино спречување.
Димитриевски градоначалникот на Куманово рече дека и во западните земји има корупција и кај нас има и дека тешко се бориме против неа. Вели дека во битката не треба да се гази опашката, тука да се забоди во главата.
Општините со невладините и медиумите ќе работат на оваа проблчематиката, односно ќе се барат против корупцијата.