Загадениот воздух го тера човечкиот организам на кашлање и тоа не мора да биде поврзано со веќе дијагностицирано тешко белодробно заболување. Но, континуираната изложеност на штетните фактори може да доведат до тешки болести.
Повторно е сезоната кога граѓаните на Битола се будат со мирис на чад, или сулфур, суво грло , чувство на грч во грлата и кашлица која што незапирливо се појавува со скоро секое вдишување.
Загадувањето на воздухот, со претерано висок индекс на квалитет на воздухот (AQI) во поголемите градови, вклучиетлно и на Битола и околината, предизвикува штетни ефекти врз здравјето на луѓето, влијаејќи на нивните бели дробови, срцето и целокупната здравствена благосостојба. Најчестите симптоми на висок AQI се кивање, кашлање и отежнато дишење (висок тон на свиреж што се слуша при дишење).
Науката зад кашлицата вели дека кашлицата е рефлексен одговор на човечкиот организам на секоја физичка или хемиска дразба, кога се активираат периферните нервни рецептори на бронхиите заради неприродните соединенија што ги прават сулфурниот диоксид, азотниот оксид и озонот – сите честички со дијаметар помал од 2,5 микрометри, популарно наречени ПМ честички.
Државата веќе една година прави мапирање на најголемите загадувачи и според анализите 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата. Анализите на невладиниот сектор сепак посочуваат дека индустриските капацитети се ненадминати извори на загадување. Неодамнешното истражување на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ од Скопје покажа дека 7 големи болници во државата, меѓу нив и битолската сеуште се затоплуваат на мазут, па констатираат дека „тие истовремено и разболуваат и лечат“.
Владата прави напори промените да ги реализира со европски пари.
„4-5 години правиме замена на системите ( за затоплување н.з).Имавме и покапитални, во големите здравствени центри со одлука на влада се доделуваа средства и ќе продолжиме, рече министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на прес конференција.
И општините и државата во последниов период има определени краткорочни мерки за заштита од аерозагадувањето.











