Стопанска Банка АД Битола прославува 75 години постоење. На свеченоста која вечерва се одржа беше соопштена иницијативата на банката да подигне споменик на неповторливиот Јонче Христовски за неговиот придонес во македонската народна музика, за песните кои и денеска се дел од нашето секојдневие. Им се заблагодарија на неговото семејство за согласноста која ја дадоа, како и на Советот на Општина Битола за едногласнo усвоената одлука.
Членот на Управниот одбор на банката Гордана Балтовска рече дека Јонче тоа го заслужуваи исто како и македонската музика и секако Битола.
ЗА ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА ЌЕ ПОДИГНЕ СПОМЕНИК НА ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ВО БИТОЛА












