ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА НОВИОТ МЕНАЏЕРСКИ ТИМ НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Новиот менаџерски тим на Националната и Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ е пред многу предизвици, годинава одбележуваат 80 години од формирање, а треба да се среди тоа што во изминатиот период се пропуштило и да се трасира патот кон современа европска библиотека која има раритетни книги и намера да ги следи светските трендови во библиотекарството

Еден месец по преземањето на раководството со 80 годишната национална и универзитетска библиотека, новиот менаџерски тим предводен од М-р Емилија Стефановска-Давкова оствари средба со медиумите. На јавноста и го претстави планот за работа.

„Сакам да акцентирам неколку моменти од нашата визија за иднината на Библиотеката која скекако првенствено се темели на традицијата, меѓутоа, понатаму јас и мојот тим силно ќе се залагаме за модернизација на сите аспекти од нејзиното работење. Оттука, јас поставив пет стратешки цели :   Да гарантираме пристап за идните генерации;  Да овозможиме пристап секому што сака да истражува (научна, стручна фела), Да дадеме поддршка на сите истражувачки заедници во клучнитe области за обезбедување социјална и економска корист, Да го збогатуваме културниот живот на нацијата, на битолчани и ,Да овозможиме услови за зголемување на базата на знаење. “- рече на стартот на прес конференцијата.

Токму овие столбови околу кои веќе започнаа активностите на вработените ги оценуваа во министерството за култура при доделувањето на буџетските средства со кои ќе работи оваа институција од културата, директно поврзана со образованието односно науката. Во фокусот на Стефановска-Давкова сепак се студентите – како нови читатели, но и истражувачи и идни научни работници.

„За да се оствари оваа цел ние креиравме анкета којашто може да ја најдете на нашата Фејсбук страна, за оние корисници кои понатаму планираат да станат наши корисници, потенцијални корисници , а исто така имаме анкета којашто може да се пополни на самиот шалтер на издавање пред подигнување на некоја книга.

Бројот на студенти во изминатите години опаднал повеќепати и сега бројката е поразителна, како што добив статистички податок, ние имаме само 133 студенти . И тоа мора да се промени. “ – рече Стефановска-Давкова.

Решителноста на новиот раководен тим произлегува и од други досега пропуштени или ненаправени работи, кои , ја донеле  библиотеката до форматот градска, односно модерните американски „маалски на заедницата“ наместо тоа за кое важи Национална и Универзитетска. Такви се досега реализираните проекти кои ја претставуваат како хортикултурна библиотека, а не универзитетска, проекти кои иако се реализирале, не го задржале приматот, лидерството што токму оваа библиотека го имаше на почетокот на векот.

„Битолската библиотека од 2000 година е целосно автоматизирана и е дел од COBISS  програмата , всушност е првата библиотека од Македонија којашто влегла во оваа програма, пред Националната Установа Библиотека во Скопје, заедно со уште 17 библиотеки од Европа. COBISS системот постојано се надградува, ние моментално се наоѓаме во COBBIS 3, а кон крајот на јуни ќе преминеме во COBISS 4.“

Ова е важно уште од еден аспект, за уште еден предизвик.

„Развојниот дел од програмата продолжува и со библиотекарите. Во разговор со дел од вработените открив дека не биле испратени на обука за основите коишто се потребни за ракување со библиотечен материјал,, па јас планирам да вложам буквално во сите вработени без разлика во кој период тие се вработени во оваа установа и да се даде можност тие да одат на стручно усовршување и обука, а со тоа и да им се овозможи нивниот личен напредок.“ – информираше директорката.

Годинава за збогатување на книжниот фонд библиотеката добила 700.000 денари, што е зголемување споредувано со претходните години. Освен најбараната белетристика, директорката веќе остварила комуникација и потпиша меморандуми за соработка и со професорите од УКЛО и другите високко-образовни институции кои функционираат во градот и македонското научно друштво, што ќе рече  Заедницата на професори и научници кои функционираат тука да ги понудат своите учебници, истражувачки, магистерски и докторски трудови.  Од библиотеката ветуваат дека ќе ја започнат процедурата за враќање на ЦИП бројот што се употребува за секоја публикација – од списание до објавен роман и стручна литература. За дигитализацијата на фондот добиле околу 180.000 денари , а тоа подразбира зачувување на збирките ракописи од роднокрајни писатели и старите раритетни книги,  и монографии. Во дејноста издаваштво што ја има во моментот ги подготвуваат библиографиите на Вера Стојчевска – Антиќ и Александар Стерјовски, а веќе завршиле една монографија.  Во делот наречен инвестиции годинава не добиле многу средства, но потребни се за книгите. А тоа е уште еден предизвик.

„ Во делот на инвестициско одржување, јас искрено бев зачудена како биле архивирани, чувани дел од книгите од архивската граѓа. Значи, библиотечниот материјал едноставно престанал да се чува согласно законите и прописите на библиотечното работење, спротивно на Законот за архивска граѓа и спротивно на  Законот за библиотекарство и Законот за култура. “-рече Стефановска-Давкова. За ова да се промени во инвестицискиот дел годинава ќе мора да се набават специјалните сталажи и опрема за архивирањето на секоја од книгите.

Во следниот период Библиотеката ќе има активен однос кон манифестациите кои ќе водат до популаризација на книгата, современ пристап кон библиотечното работење со постојано следење и вклучување во светските процеси од оваа област, рече директорката која пред крајот на своето излагање резимираше: За да ги постигнеме нашите точно утврдени цели, да резимираме, се посветуваме на: – дигитализација на книжниот фонд;- редакција на постојните бази на податоци и усогласување со библиотечниот фондна Македонија;- континуирано опремување со информатичка опрема;- активен однос кон манифестациите преку различни форми и облици за збогатување и популаризација на книгата;- Набавка на белестристика, но и стручна и научна литература за младата популација – студентите и лицата коишто се бават со наука, со што би ги вратиле студентите во рамки на библиотеката, значително поинтензивна соработка со вас медиумите, со соодветни институции, друштва и здруженија од областа на културата, науката и образованието при реализација на програми од заеднички локален но и национален интерес, како на граѓаните, така и на државата; – интензивирање на соработката со соодветни институции од земјата и странство; – современ пристап кон библиотечното работење со постојано следење и вклучување во светските процеси од оваа област;

Неделата од 17 до 20 март ја нарекоа предјубилејна недела, при што во просториите на библиотеката ќе се одвиваат низа настани со читателите, авторите, уметниците. За 21 март директорката Емилија Стефановска-Давкова ја најави прославата на големиот јубилеј – 80 години од постоењето на битолската Национална и Универзитетска библиотека.