Советниците по двојните избори се вратија во советничките клупи. Иако вчерашната седница не беше тензична и долга, сепак како да беа изморени кога дојде да се гласаат завршните сметки на основните и средните училишта во Битола.
Претходно сите точки беа на Комисијата за финансии и буџет каде што се разгледуваа, а ова на пленарната седница изгледаше како што некои велат „заспаната машинерија“ која на мометни не знаеше во кое училиште директорот од која партија е. Ова во никој случај не треба да е така, но ете кај нас е.
И ќе речат па и тие се луѓе кои цел ден работеле и логично е да попушти концентрацијата. И овде немаше тензии, дури на моменти на сите им беше забавно.
Како изгледаше тоа ви пренесуваме во видео прилогот.











