ТЕРА

REKLAMA???

ЗОШТО ОВАА ЗГРАДА ОСТАНА НЕОШТЕТЕНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТАЈВАН?

Кога земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го потресе Тајван во средата, луѓето во највисокиот облакодер на островот, Тајпеј 101, беа заштитени со големо жолто нишало во центарот на зградата што помогна да се апсорбира шокот.

Светот е исполнет со високи конструкции кои неретко му овозможуваат на човекот да се гледа со птиците, но, од градежен и архитектонски аспект, потребно е големо внимани и иновации кои ќе ги заштитат лушето од природните појави.

Голема топка нишало ги заштити од земјотресот посетителите на зградата Тајпеи 101 во Тајпеи. Се работи за иновативната т.н модифициран дампер на маса  – или во слободен описен превод прилагоден отклонувач на масата, во случајов на зградата.

Најпрвин е важно да се знае дека географијата на Тајпеи е место на силни тајфуни со ветрови кои достигнуваат брзина од 150км/час и дека е во трусната  „Линија на Огнот“ на спојот на двете земјени плочи. Висококатниците во основа треба да го издржат секојдневното дување и повремените земјотреси.

И двете појави имаат одредена различна фреквенција со којашто влијаат врз градежните материјали, а тие пак, зградата има резонантен одговор на нив, што се нарекува природен период на вибрација . Тоа е резонантен, одговор со осцилација различна од таа на влијанието. Што значи и од ветер и од земјотртес зградата се ниша постојано.

Првиот начин за надминување на  овој проблем е зајакнување на цврстината на зградата со додавање дополнителни рамки – метални конструкции кои наликуваат на корективните протези за заби околу пошироки греди и столбови. Овие го поместуваат силниот удар од критичните точки и помагаат во избегнување на резонантниот одговор на зградите.

Иновацијата во Тајпеи 101 е што е употребено 700 тонско нишало поставено од 92 до 87 кат, а заедно со конструкцијата, овозможува одлагање на првото нишање за 6 секунди по ударот ( ветрот или зсемјотресот односно одредената фреквенција).

Нишалото, некои и кај нас го нарекуваат Пендулум е уред направен од тег што виси од стожерот за да може слободно да се движи лево – десно. Кога нишалото е поместено настрана од неговата положба на мирување, рамнотежа, тоа веднаш подлежи на силата на гравитацијата што го забрзува назад кон положбата на рамнотежа. Временскиот интервал на целосното движење напред-назад на нишалото е константен.

Нишалото во зградата Тајпеи 101 е наречено прилагоден / модифициран масовен ( на маса) дампер и е толку тежок што немало кран што ќе го подигне, па неговите делови биле однесени на парче, па потоа се составувал таму, на 92 кат. Идејата на нишалото во зградата е секогаш да се спротивставува на силата која влијае врз зградата. Топкава е поврзана и со амортизери кои ја претвораат кинетичката енергија во топлинска. Вака нишалово ја ослободува енергијата којашто е предизвикана со ударот и го намалува нишањето на зградата за 40%.

Токму затоа , тврдат научниците, оваа зграда остана неоштетена во земјотресот што се случи во средата.