Општина Битола информира дека во тек се работни активности на улица „Булевар 1 Мај“, каде се вршaт корекции на вградениот асфалт.
Улицата беше асфалтирана на крајот на минатата година, на потегот од Ленски мост, до улица „Добривоје Радосављевиќ“, а корекциите ги врши изведувачот на реконструкцијата на сопствен трошок, се вели во соопштението од Општина Битола.
Фото: Илустрација