ТЕРА

REKLAMA???

ИЗЛОЖЕНИ ДЕЛАТА ОД ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „ДРЕН“ ВО ПРИЛЕП

Во ликовната галерија во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше презентирана изложба на дела од Ликовната колонија „Дрен 2023“, што се одржа во јули по 15. пат.

На изложбата беа претставени над 30 ликовни и скулпторски дела од уметниците: Павлина Копано, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Масети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски-Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески, Маја  Танеска, Тони Чатлески, Верче Николоска, Славчо Павлески, Габриел Димитровски,  Филип Ристески, Елена Пантелиќ и Марјан Стојаноски, кои остануваат трајно наследство за прилепскиот Центар за култура и за државата.

Од многубројното и разнообразно творештвото коешто го создадоа уметниците – сликари и скулптори, можат да се препознаат и дефинираат повеќе различни ликовни стилови: експресионизам, минимализам, асоцијативна и геометриска апстракција, како и фантастичен реализам.

Фондот на дела создадени на Колонијата „Дрен“ во изминатите години веќе достигна над 400 творби од врвни уметници од земјава и од странство.

Со изложбата, што се реализираше со поддршка од Министерството за култура, ЦК „Марко Цепенков“ ги заокружи програмските активности за 2023 година.