Израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут.
„Знаеме како да се справиме со оние кои нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат“, рече Ганц на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Израелските одбранбени сили утрово соопштија дека израелската авијација нападна цели на проиранската милиција Хезболах во Либан.
Борбени авиони ја погодија инфраструктурата на шиитската милиција на либанска територија, соопшти ИДФ.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека и дал инструкции на разузнавачката агенција Мосад да им влезе во трага на членовите на раководството на исламскиот екстремистички Хамас кои живеат надвор од Појасот Газа во странство.
Израелската војска соопшти дека во изминатите 24 часа гаѓала околу 300 цели на Хамас во Појасот Газа.
МИА












